Мбапе по „Златната топка“ остана без спонзори

Еден ден откако го зазеде второто место зад Хари Кејн во трката за „Златната топка“, ѕвездата на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, се најде во центарот на голем скандал надвор од фудбалскиот терен.

Францускиот напаѓач загуби двајца значајни деловни партнери во Кина, по контроверзата предизвикана од негова изјава поврзана со историскиот лидер Мао Цетунг.

Две влијателни кинески компании една од јужна Кина, а другата од Внатрешна Монголија одлучија веднаш да ги раскинат спонзорските договори со 27-годишниот фудбалер. Како официјална причина, тие наведоа однесување кое „ги навредува чувствата на кинескиот народ“.

Контроверзата беше поттикната од видеоснимка што стана вирална на социјалните мрежи, во која Мбапе зборува за своите омилени интернет-мемиња. Притоа, тој спомена монтажа на која неговото лице било споено со лик за кој тој верувал дека го претставува кинескиот диктатор.

Реакцијата на кинеските партнери беше молскавична. Со оглед на тоа што Мбапе е исклучително популарен на Далечниот Исток при што неговиот лик дури гордо стоел и на етикетите на производите на една од споменатите компании овој прекин на соработката одекна низ целиот азиски пазар, нанесувајќи сериозен удар врз маркетиншкиот имиџ на францускиот ас.

Се вчитува...