ПСЖ се наоѓа во сериозна криза, откако „светците“ беа елиминирани во осминафиналето во Лигата на шампионите, останаа без трофеи и и во француските купови, па мораа да се задоволат само со шампионската титула. Килијан Мбапе е најдобар стрелец на ПСЖ сезонава, но младиот напаѓач се почесто е критикуван од јавноста бидејќи го има променето својот однос и кон соиграчите и кон ривалите.
„Ако го споредите овој Мбапе со оној што играше за Монако, разликата е огромна бидејќи скромното и вредно момче веќе не постои. Залагањето на му е исто, а односот повеќе му личи на Нејмар, кој очигледно лошо влијае над него. Тој нервира многу фудбалери со таквото однесување, не говорам само за ривалите, туку и за играчи на ПСЖ“ – истакнува Денис Буанга од Ним, познаник на Мбапе од времето кога ја почнуваше професиналната кариера.
Мбапе минатиот месец влезе во конфликт и со тренерот Томас Тухел, поради што еден натпревар не беше ниту на клупата за резерви.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА