Мбапе почна со тренинзи, но …

Реал Мадрид го стартуваше настапот на клупскиот мундијал со реми против Ал Хилал, а тренерот Чаби Алонсо се соочи со нов проблем, откако Килијан Мбапе отпадна од комбинација и за вториот дуел во кој „кралевите“ за противник ја имаа Пачука.

Французинот мораше да биде хоспитализиран поради здравствените проблеми по доаѓањето во САД, тој синоќа ја напушти клиниката, денеска дури и тренираше во клупскиот хотел, но став на стручниот штаб и на лекарскиот тим е дека не смее да се ризикува со него во наредните неколку дена.

Алонсо веќе донел одлука, Мбапе нема да биде ниту на клупата за резерви против Пачука, а неговиот камбек се очекува на дуелот со Салцбург на 26 јуни, најверојатно стартувајќи од клупата за резерви.

Покрај Мбапе, индивидуално утрово тренираше и десниот бек Дани Карвахал кој има проблем со вратот, исто така нема да може да настапи против Пачука, но се очекува да се појави во екипата на третиот дуел од групната фаза против Салцбург.

Се вчитува...