Мбапе поради повреда ја пропушти Германија, сепак ќе биде подготвен за ЛШ

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе го пропушти пријателскиот натпревар меѓу Франција и Германија, кој се играше во Дортмунд, поради повреда на коленото, пренесуваат француските медиуми.

Германија победи со 2-1, а единствениот гол за Франција го постигна Антоан Гризман. Француските медиуми пренесуваат дека Мбапе треба да се опорави до крајот на неделата.

Мбапе би можел да го пропушти натпреварот од следното коло на францускиот шампионат против Ница, но сигурно ќе биде подготвен за дуелот од првото коло во Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд.

Се вчитува...