Постигна хет-трик против Барселона, но тоа не беше доволно за победа на Реал Мадрид на „Ел Класико“. Килијан Мбапе игра одлична сезона во дресот на „кралевите“, но без можност да освои трофеј со екипата во Ла Лига или во Лигата на шампионите.
Мбапе после поразот од 4-3, објави кратка порака во која порача дека после овој пораз, „кралевите“ ќе се вратат уште посилни.
„Боли, но ќе се вратиме уште посилни. Напред Мадрид“, напиша голгетерот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

