Мбапе: Поразот во финалето во ЛШ ми падна тешко, сакав да бидам сам и да плачам

Напаѓачот на ПСЖ и на француската репрезентација Килијан Мбапе, рече дека поразот во финалето во ЛШ од Баерн Минхен бил најтешкиот момент во кариерата.

Во 2020 година, Баерн Минхен со 1-0 го совлада ПСЖ и така го остави францускиот тим без трофејот. Тоа беше прво, и засега единствено финале на Парижаните.

„Најлошиот момент во мојата кариера беше поразот во финалето на Лигата на шампионите против ПСЖ. Мечот завршува, добиваш медал, но знаеш дека не е тој што сакаш. Чудно е, но таков е фудбалот. Сакав да бидам сам и да плачам. Тоа е мојата приказна, морам да бидам подобар за да се вратам таму и да победам“, рече Мбапе. 

Се вчитува...