Мбапе поставил три услови за да остане во ПСЖ!

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе повторно е актуелен во медиумите. По финалето на Светското првенство во кое даде три гола, но на крајот неговата репрезентација остана без трофејот, тој се врати на обврските во ПСЖ.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Мбапе разговарал со раководствотот на францускиот шампион и им дал три услови како би останал на „Паркот на принцовите“.

Првиот услов е да се продаде Нејмар, вториот е да се промени тренерот Кристоф Гатије и да се донесе Зинедин Зидан, додека третиот услов е да се ангажираат нови засилувања во офанзивата кои ќе се вклопат со него и Меси, а идеална опција е Хари Кејн.

Мбапе го продолжи договорот со ПСЖ до 2025 година.

Се вчитува...