Мбапе постигна четири гола, па им се пушти на новинарите: „Тоа е многу лошо прашање…!“ (ВИДЕО)

Синоќа, Реал Мадрид славеше на гости против Олимпијакос со 3-4, а Килијан Мбапе одигра фантастичен натпревар, постигнувајќи ги сите четири гола за својот тим.

На крајот, сосема очекувано, токму Мбапе се најде во центарот на вниманието по завршувањето на натпреварот, но Французинот очигледно беше разочаран од едно од прашањата на новинарите.

Еден од шпанските новинари го праша Мбапе дали Реал Мадрид премногу зависи од него, а на францускиот напаѓач тоа прашање не му се допадна премногу.

„Зависност од Мбапе? Без навреда, но тоа е многу лошо прашање. Секој играч во тимот има своја задача, а мојата е да постигнувам голови. Без придонесот на сите играчи, нема победа“, вели Мбапе и додаде:

„Воопшто не размислувам за тоа што ме прашавте бидејќи тоа е тема што е интересна само за вас новинарите“.

Тој се осврна и на „кризата“ во Реал и приказните дека атмосферата во соблекувалната на „Кралевите“ не е баш на најдобро ниво откако дојде Чаби Алонсо.

„Мораме да се заштитиме себеси, тренерот и стручниот штаб. Сакаме навивачите да го почувствуваат нашето заедништво и дека сите одиме во иста насока. Бродот може да навлезе во бура, но никој нема да скокне од него. Работиме заедно и даваме се од себе за да ги освоиме сите трофеи оваа сезона“, заклучи Французинот.

Се вчитува...