Мбапе повторно штрајкува: Напаѓачот не е задоволен од менаџерот на ПСЖ

Килијан Мбапе повторно негодува во тимот на „светците“, а овојпат младиот напаѓач бојкотира за работата на новиот тренер Кристоф Галтие.

Мбапе неодамна упати пофалби за селекторот Дидие Дешамп и изјави дека во репрезентацијата има поголема слобода во играта отколку во ПСЖ.

Килијан со тоа упати и критики за стратегот на ПСЖ, Кристоф Галтие, за претераната дисциплина во играта што ја бара од него.

На Мбапе му била ветена поголема слобода и да биде носител на играта при потпишување на договорот, па сега е незадоволен.

Во француските медиуми се почесто се појавуваат информации дека Мбапе не е во добри односи со останатите фудбалери и самиот се изолира.

 

Се вчитува...