Килијан Мбапе поради суспензија го пропушти неделниот триумф на Реал Мадрид над Атлетик Билбао, а најдобриот стрелец на „кралевите“ нема да биде во комбинација ниту за наредниот дуел на „кралскиот клуб“.
Реал Мадрид за противник ќе го има градскиот ривал Хетафе, а Мбапе поради повреда на зглобот воопшто нема да биде во тимот за овој натпревар. Според „кралевите“, многу поважно е тој да успее да се оспособи за претстојното финале од Копа дел реј што е на програмата викендов.
„Тој чувствува бол и нема да може да ни помогне. Се повреди на ревнашот со Арсенал, прима терапии, но уште не може да тренира со полна пареа. Прави се што е во негова моќ за да може да биде достапен в сабота“, изјави Карло Анчелоти на денешната прес-конференција.
Реал Мадрид на шест кола до крајот на Ла Лига се наоѓа на второто место на табелата, со четири бода заостанување зад водечката Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА