На почетокот на декември, во тежок период и за Реал Мадрид и за француската репрезентација, Килијан Мбапе реши да го прекине молкот со едно продлабочено интервју. Тој гостуваше во емисијата Clique на Canal+.
Сега се објавени нови извадоци од ова интервју, каде Французинот особено зборува за времето поминато во Пари Сен Жермен и триото кое го формираше со Лионел Меси и Нејмар во парискиот клуб.
„Никогаш не потценувам каде сум. Секогаш знаев каде сум. Собиравме играчи кои ги наоѓате само на „Плејстејшн“. Можеби не ја освоивме Лигата на шампионите, но ги натеравме луѓето да сонуваат. Денеска многу деца во крвта им е ПСЖ“, рече Мбапе.
„Во ерата на Меси и Роналдо, изборот беше меѓу Реал Мадрид и Барселона. Сите со нетрпение го чекавме дуелот и моравме да избереме страна. Денеска Реал Мадрид и Барселона не се тоа што се. Но, ќе остане запеметено дека во ПСЖ некогаш играле Меси, Нејмар и Мбапе заедно“, кажа францускиот фудбалер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

