Франција и Португалија ќе се соочат денеска од 21 часот во четвртфиналната мега-пресметка на Европското првенство 2024.
Дуел кој ќе биде одбележан и двете големи ѕвезди на денешниот фудбал, едната се уште надоаѓачка – Килијан Мбапе и другата која полека завршува на професионалното фудбалско небо – Кристијано Роналдо.
Мбапе никогаш не криел дека Роналдо е неговиот идол од најмала возраст, за што сведочат и бројните негови фотографии со португалската ѕвезда од младите години. Денеска, пак, на теренот еден против друг…
„За мене не постои поголема фудбалска ѕвезда од Кристијано Роналдо. Тој е еден и единствен. Нема повеќе во историјата да има друг како него. Тој е инспиратор за цела една генерација. Всушност неговата биографија доволно зборува за него“ – вели Мбапе пред денешниот дуел.
Но…
„Но, секако, мојата огромна почит кон него не значи и дека на теренот ќе бидам воодушевен. Напротив, носам огромен мотив да ја победиме Португалија и да се пласираме во полуфиналето на шампионатот“ – дополнува Мбапе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА