Еден од најдобрите напаѓачи на денешницата Килијан Мбапе, бил на чекор од откажување од националниот тим на Франција.
Тоа на јавноста го откри претседателот на фудбалскиот сојуз на Франција, Ноел Ла Грет кој искажа што се случувало по поразот на Швајцарија на ЕВРО 2020 минатата година. Французите загубија на пенали, откако после 90 минути и продолженијата беше 3-3.
Во пенал серијата токму Мбапе промаши, а потоа им овозможи на Швајцарците да триумфираат 8:7 и да се пласираат во 1/4 финале.
„Се состанавме после натпреварот. Мбапе тврдеше дека ние како Сојуз не застанавме зад него после промашениот пенал и поради критиките на социјалните мрежи. Пет минути седевме во мојата канцеларија, а беше многу лут, не сакаше повеќе да игра за репрезентацијата. Беше фрустриран, Килијан е победник и се чувствуваше исто како и ние после елиминацијата. Тој е одличен човек и подобар тимски играч од тоа што мислат другите“, рече Ла Грет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА