Франција загуби во полуфиналето на ЕВРО 2024 од Шпанија, и така го заврши натпреварувањето. И покрај тоа што беа едни од фаворитите пред почетокот на шампионатот, сепак, Французите потклекнаа пред Шпанците, кои играат одлично уште од самиот почеток, и заслужено се во финалето.
Килијан Мбапе е еден од оние кои многу се очекуваше на овој шампионат. Меѓутоа францускиот ас постигна само еден гол од пенал и забележа една асистенција во настапот на Франција, а после натпреварот беше самокритичен.
„Мојот настап на овој шампионат беше неуспешен. Сакав да бидам европски првак, но не успеав. Ова е фудбал, мора да одиме напред. Помина една долга година и одам да одморам. Немав физички или психолошки проблеми. Во фудбалот или си добар, или не. јас не бев добар и си одиме дома. После тоа за мене почнува едно ново поглавје во кариерата“, рече Мбапе, кој од следната сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА