Мбапе се договорил со премиерлигашот комплетно се околу преселбата во клубот. Во прв моменти и ПСЖ бил согласен на се, со оглед на тоа што не сакал да држи незадоволен фудбалер во клубот.
Ливерпул и ПСЖ се договориле за отштета од 200 милиони евра која „црвените“ биле подготвени да ја платат, но во моментот кога Мбапе ги договорил личните услови, челниците на ПСЖ се премислиле и место 200 милиони, побарале 400 милиони евра за продажба на францускиот голгетер. Јасно е дека Ливерпул не го прифати тоа барање, па Мбапе остана во Париз, а ова лето се пресели во Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА