Трансферот на Килијан Мбапе во Реал Мадрид во текот на летото со недели се смета за неизбежен заклучок. Сепак, самиот играч изјави дека одлуката се уште не е донесена.
Напаѓачот зборуваше на оваа тема на прес-конференција пред пријателскиот натпревар на Франција против Германија.
„Кога ќе дојде денот да објавам нешто, ќе објавам. Жал ми е што ве разочарувам, но немам ништо сочно да споделам со вас. Ќе дојде тој ден. До стартот на Европското првенство ќе знам каде ќе играм“, изјави Мбапе.
Еден од најдобрите играчи во светот објави дека по крајот на сезоната ќе го напушти Пари Сен Жермен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА