Хаотичната ситуација со бројните повреди во Реал Мадрид придонесе „кралевите“ да почнат со притисок врз Килијан Мбапе за што поскоро да се врати во тимот, што создаде тензии во односот на францускиот голгетер со дел од управата и од стручниот штаб на овој клуб.
Мбапе има проблем со лигаментите во коленото и иако не е неопходна операција повредата не е наивна и тој ќе мора да мирува до крајот на овој месец. Од друга страна, во ситуација кога Родриго предвреме ја заврши сезонава Реал има сериозен дефицит во навалната линија, поради што „кралевите“ се обиделе да извршат притисок врз Мбапе, за тој да се врати на терените за реваншот со Манчестер сити за помалку од 15 дена.
Французинот не само што одбил, туку и влегол во конфликт со истите лица, јасно ставајќи до знаење дека здравјето му е приоритет во овој случај, уште повеќе ако се знае дека за три месеци ќе стартува и СП 2026, натпреварување што Мбапе планира да го дочека во топ-форма, со повредата целосно оставена зад себе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

