Килијан Мбапе сериозно размислува да ја прекине репрезентативната кариера додека Дидие Дешамп е селектор, откако голгетерот на Реал Мадрид не се најде на спиокот на „триколорите“ за ноемвриските пресметки од Лигата на Нации.
Мбапе го немаше во тимот ниту во октомври, но тогаш на негово барање, а огромно внимание привлече патувањето на голгетерот во Шведска додека Франција играше официјален меч, уште повеќе откако се појавија обвинувања за силување во хотелската соба во која бил сместен фудбалерот.
Дешамш во таа ситуација прокоментира дека не може да ги контролира играчите кои не се дел од националниот тим, за селекторот својата тивка одмазда да ја изреализира бришејќи го Мбапе од списокот за наредните две средби. Извори блиски до асот на Реал Мадрид тврдат дека тој бил бесен кога дознал дека нема да игра за репрезентацијата. Во ситуација кога не му цветаат розите во Реал напаѓачот се надевал дека токму преку репрезентацијата ќе се врати во голгетерски ритам, а потегот на селекторот го почувствувал како шлаканица што според него не ја заслужил.
Француските медиуми информираат дека Мбапе дури и размислува повеќе да не игра за Франција додека Дешамп е селектор, но нема намера сега да реагира со избрзани одлуи, туку за репрезентативната иднина ќе одлучи на почетокот од 2025 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА