Мбапе се премисли: Не си одам од ПСЖ во јануари!

Се смирува бурата во таборот на ПСЖ, откако во текот на минатата седмица беше обелоденето дека Килијан Мбапе е во војна со управата и со соиграчите, поради што сака да си замине уште во јануарскиот преоден рок.

Состојбата се стабилизира, Мбапе беше асистент при победничкиот гол на Нејмар на дербито со Олимпик Марсеј, натпревар по кој францускиот репрезентативец јасно стави до знаење дека нема намера наскоро да ги промени клупските бои.

„Не побарав трансфер од ПСЖ во јануари. Не сум бесен на клубот, она што се пишуваше не е вистина“, кратко прокоментира Мбапе по синоќешното дерби на „Паркот на принцовите“.

Се вчитува...