Француските медиуми пренесуваат дека се уште не е познато дали капитенот на француската фудбалска репрезентација Килијан Мбапе ќе игра на натпреварот против Холандија на Европското првенство во Германија.
Мбапе, кој го скрши носот во понеделникот на мечот против Австрија, го одработи тренингот со заштитна маска во боите на француското знаме преку лицето.
Весникот „Депеш“ објави дека доколку Мбапе игра вечерва, нема да може да ја носи таа маска. Според правилата на Европската фудбалска федерација (УЕФА), медицинската опрема што мора да ја носат играчите на теренот треба да биде во една боја и да нема репрезентативен симбол.
Во француските медиуми се шпекулира дека Мбапе би можел да биде на клупата со можност за настап во вториот дел. Натпреварот е закажан за во 21 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА