Фудбалерите на Пари Сен Жермен повторно не стигна до првата победа сезонава во француската Лига 1, откако во второто коло ремизираше на гостувањето кај Тулуз 1-1.
Килијан Мбапе се врати во тимот на Луис Енрике и веднаш се запиша во листата на стрелци. Францускиот ас во игра влезе во 51. минута, а веќе во 62. минута од пенал донесе водство за својот тим од 0-1.
Сепак, до крајот домаќинот успеа да стигне до бод откако Абукал во 81. минута од пенал ги постави конечните 1-1.
Toulouse 0 – [1] PSG – Kylian Mbappé penalty 62'
byu/PSGCampus insoccer
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

