Оливие Жиру денеска со голот против Полска, стигна до бројката 52 погодоци во репрезентацијата на „петлите“, и стана најдобриот стрелец во историјата на француската репрезентација. Одличниот напаѓач на 35 години игра во голема форма, и заедно со Мбапе се најсилните адути во одбрана на титулата на Франција на овој Мундијал.
Килијан Мбапе, пак, го надмина рекордот на легендарниот Пеле на Светските првенства. Бразилскиот ас досега имаше постигнато најголем број на голови пред 24 години (осум), а денеска Мбапе го надмина откако постигна девет.
Мбапе со два гола против Полска, го сруши овој рекорд на Пеле и сега тој ќе го има овој рекорд. Мбапе на 20. декември ќе наполни 24 години. Мбапе во моментов е најдобар стрелец на Мундијалите со пет постигнати голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА