Мбапе: Секако дека ќе ни недостига Нејмар

Францускиот првак Пари Сен Жермен се подготвува за осминафиналните натпревари против Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите, а ќе мора да се снајде без помошта на бразилскиот ас Нејмар, кој ја обнови повредата на петтата метатарзална коска. Ќе отсуствува најмалку десет седмици од терените, и тоа секако ќе биде голем хендикеп за „светците“.

Килијан Мбапе потврдува дека тимот на ПСЖ не е ист со и без Нејмар во составот.

„Секако дека ќе ни недостига Нејмар. Тој е еден од најдобрите фудбалери во светот. Прашајте ги во Барселона дали би им недостигал Меси, или што ќе биде со Јувентус ако не игра Роналдо. Но, ќе се потрудиме и за Неј да го елиминираме Манчестер Јунајтед“, изјави Килијан Мбапе.

Се вчитува...