Мбапе шокираше: „Не можам да играм за луѓе кои мислат дека сум мајмун“

Еден од најдобрите фудбалери во светот, Килијан Мбапе, откри дека во еден момент сериозно размислувал да ја напушти француската репрезентација.

Напаѓачот на Реал Мадрид призна дека сè кулминирало по Европското првенство во 2021 година, кога промашил пенал против Швајцарија, а потоа станал мета на жестоки критики и расистички навреди.

„Се најдов во ситуација каде што си помислив: Не можам да играм за луѓе кои мислат дека сум мајмун. Не сакам повеќе да играм“, искрено рече Мбапе.

Наводно, Мбапе разговарал со тогашниот претседател на Француската фудбалска федерација, Ноел Ле Гре, за неговата ситуација. Напаѓачот дури бил подготвен да се откаже од играњето за репрезентацијата.

Како што истакнува, не бил погоден само од спортскиот неуспех, туку и од чувството дека немал доволна поддршка од федерацијата во најтешките моменти. Тоа е она што дополнително го оддалечило од репрезентацијата.

Сепак, откако разговарал со своето семејство и блиски луѓе, ја променил својата одлука.

Мбапе сфати дека неговото заминување ќе испрати погрешна порака до сите што го напаѓаат, па затоа реши да продолжи да го носи дресот на Франција и да се бори на теренот.

Денес, тој е еден од лидерите на националниот тим и продолжува да биде клучна фигура во амбициите на „триколорите“ на најголемите натпреварувања.

Франција ќе биде еден од фаворитите на Светското првенство во Северна Америка, со Мбапе и компанија во група со Сенегал, Норвешка и дебитантот Ирак.

Се вчитува...