Мбапе со честитка до ПСЖ: Конечно, дојде големиот ден

Играчот на Реал Мадрид, кој во минатото играше во ПСЖ Килијан Мбапе, му го честиташе првиот трофеј на тимот од Париз.

ПСЖ синоќа го порази Интер со убедливи 5-0, а Мбапе се огласи на социјалните мрежи.

„Големиот ден, конечно, дојде. Победа за клубот, и тоа со стил. Честитки ПСЖ“, напиша Мбапе.

Мбапе минатото лето си замина од ПСЖ и потпиша за Реал Мадрид, со цел да ја освои ЛШ, а тој не успеа во првата сезона, нешто кое му појде од рака на неговиот поранешен тим.

Се вчитува...