Мбапе со една објава на социјалните мрежи целосно ги „олади“ навивачите на Реал Мадрид

На денот во кој се решава судбината на Килијан Мбапе, фудбалерот со објава на социјалната мрежа „Инстаграм“, ги олади надежите на Реал Мадрид дека во овој преоден рок ќе дојде на „Сантијаго Бернабе“. ПСЖ му закажа состанок за денеска, и тој заедно со неговата мајка треба да седнат на преговори.

Согласно најавите, ПСЖ ќе му понуди нов договор, со тоа што ќе му овозможи да замине и во 2024 година доколку стигне добра понуда за него.

Иако фановите на „кралевите“ се надеваа дека Французинот уште во овој преоден рок ќе стигне на „Бернабе“, но се чини со објавата на распоредот на ПСЖ за следната сезона, нема речиси никаква надеж дека Мбапе ќе го напушти Париз ова лето.

Се вчитува...