Чаби Алонсо го заврши својот мандат на клупата на Реал Мадрид. Меѓусебното раскинување на договорот беше договорено само еден ден по поразот од Барселона со 3-2 во финалето на шпанскиот Суперкуп, а негов наследник ќе биде Алваро Арбелоа.
Кратко по веста за заминувањето на Алонсо, Килијан Мбапе се огласи на Инстаграм со емотивна порака за збогување. Францускиот напаѓач истакна дека, иако станува збор за кратко време, било задоволство да игра под водство на Алонсо и да учи од него, заблагодарувајќи му се за довербата што му е укажана од првиот ден и посакувајќи му среќа во остатокот од кариерата.
„Беше кратко, но беше задоволство да играм за тебе и да учам од тебе. Ти благодарам што ми веруваше од првиот ден. Ќе те паметам како тренер кој имаше јасни идеи и кој многу добро го познава фудбалот. Ти посакувам многу среќа во следното поглавје“, напиша Мбапе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

