Франција не успеа да го одбрани трофејот на Светското првенство во Катар. Во еден од најинтересните натпревари во историјата Аргентина 80. минути ја контролираше играта, но Франција на крилјата на Мбапе успеа да се врати за само две минути, а потоа преку младиот Французин и повторно да изедначи во продолжението за 3-3 и пенал рулет кој беше во знакот на голманот Мартинез.
Килијан Мбаше со само 23 години постигна осум гола во Катар, од кои три во финалето, но разочарувањето од второто место беше видно на неговото лице. Тој денеска на социјалните мрежи објави фотографија која на наслови: „Ќе се вратиме“.
Nous reviendrons. 🇫🇷🙏🏽 pic.twitter.com/Ni2WhO6Tgd
— Kylian Mbappé (@KMbappe) December 19, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА