Килијан Мбапе е еден од најскапите фудбалери на денешницата и може да си дозволи речиси се, но пред финалето во Лигата на шамшионите се потсети дека во 2008 година го добил најубавиот подарок од неговата мајка. Копачки „Најки“ во розева боја, какви што тогаш носел Франк Рибери, ѕвездата на Баерн Минхен.
„Се сеќавам дека мајка ми штедеше три месеци за да може да ми ги купи тие копачки. Бев пресреќен кога ги видов, но знаев и колку двоеја од семејството за да ги имам. Во финалето ќе играм токму со такви копачки“, изјави Мбапе.
12 години оттогаш, Пари Сен Жермен ќе го игра првото финале во историјата, а еден од најголемите адути на „светците“ е Килијан Мбапе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА