„Мбапе стагнира, со цело срце посакувам да замине од ПСЖ“

Килијан Мбапе од 1. јануари може да води преговори со други клубови за неговата иднина, со оглед дека договорот му истекува во јуни 2024 година.

Засега како реална опција се споменува преселба во Реал Мадрид. Оваа опција беше актуелна во минатото, но Французинот секогаш на крајот остануваше во ПСЖ.

Поранешната легенда на францускиот фудбал, Кристоф Дугари смета дека е време Мбапе да си оди од ПСЖ, затоа што стагнира во овој тим.

„Со цело срце сакам Мбапе да си оди од ПСЖ. Едноставно, тој стагнира. Станува веќе предвидлив во дуелите, му недостасува сила и карактер. Често е невидлив на тернеот. Изгледот му е негативен, се повеќе мавта со равете. Делува дека е изгубен, а веќе неколку месеци работите во ПСЖ не одат како што треба. Ме лути и ме заморува тоа што секои шест месеци се шпекулира за Мбапе. Сакам да го одбере клупскиот проект наместо личниот. Заморен сум од гласините за неговта иднина, и веќе не ми е гајле“, рече Дугари.

Се вчитува...