Мбапе урна рекорд на Ди Стефано стар 71 година

Килијан Мбапе продолжува со извонредните настапи во финишот од оваа натпреварувачка сезона откако Французинот на хет-трикот против Барселона се надоврза со погодок во синоќешниот триумф над Мајорка.

Она што е уште позначајно, Мбапе со овој гол стана фудбалер со најмногу погодоци во својата прва сезона во дресот на „кралскиот клуб“. Голот со Мајорка беше 28. за Французинот на 32 одиграни средби во Ла Лига, со што тој го урна досегашниот рекорд на клупската легенда Алфредо ди Стефано.

Тој во сезоната 1953/54 постигна 27 гола за Реал во елитното шпанско фудбалско друштво, во првата сезона за „кралскиот клуб“, рекорд што беше актуелен се до сезонава… кога на сцената стапи Килијан Мбапе.

Се вчитува...