Мбапе урна рекорд стар половина век во францускиот фудбал

Килијан Мбапе не е веќе „чудо од дете“, туку прерасна во еден од најдобрите фудбалери во светот иако има само 20 години. Тој постигна два гола во синоќешниот убедлив триумф на Пари Сен Жермен над Сент Етјен (0-4), а со тоа урна и рекорд стар половина век во францускиот фудбал.

Мбапе стана најмладиот фудбалер во историјата на Лига 1 кој успеал да постигне 70 гола. Тоа му успеа на возраст од 20 години, 11 месеци и 25 дена. Ова се нема случено во последните 50 сезони од францускиот фудбалски шампионат.

Најголемиот проблем на ПСЖ е фактот дека Килијан Мбапе одби да потпише продолжување на договорот и најверојатно се подготвува за заминување во Реал Мадрид. Овој трансфер исто така би бил историски, со оглед дека се најавува сума од околу 400 милиони евра.

Се вчитува...