Мбапе урна уште еден рекорд на ПСЖ

Килијан Мбапе се уште се нема изјаснето за иднината, но извонредниот голгетер во меѓувреме продолжува да урива рекорди во дресот на ПСЖ.

„Светците“ лесно и убедливо славеа на гостувањето против нисколигашот Ревел во рамките од Купот на Франција (0-9), меч на кој Мбапе постигна хет-трик и постави нов клупски рекорд во ова натпреварување. Имено, Мбапе постигна хет-трик на овој меч, со што стана најдобар стрелец во историјата на ПСЖ во Купот на Франција, со вкупно 30 погодоци. Со трите гола вечерва, Мбапе го урна досегашното достигнување на Франсоа Пеле, кој имаше 28 куп-погодоци за тимот од Париз.

Килијан Мбапе е само втор фудбалер во историјата кој успеал да даде 30 гола за ист тим во Купот на Франција, нешто што претходно му имаше успеано само на Делио Онис од Монако, кој 30. погодок за „кнезовите“ го постигна во 1980 година.

Заедно со настапите од Монако, Мбапе има вкупно 32 гола во Купот на Франција во својата кариера. Пред него на оваа листа се наоѓа само Бернард Лакомб со 39 куп-погодоци во Франција.

Се вчитува...