Килијан Мбапе летово ќе се пресели од Париз во Мадрид, но францускиот голгетер останува активен во татковината. Во преден план е кога станува збор за настапот на Франција на ЕВРО 2024, но Мбапе денеска изненади појавувајќи се во јавноста со гласна политичка порака.
Имено, Мбапеденеска се појави на прес-конференција пред утрешниот меч на Франција со Австрија. Сепак, голгетерот ја искористи можноста за со долга изјава да ги повика младите Французи да излезат да гласаат, и не само тоа, туку да го свртат грбот на „крајната десница“. Иако ниту еднаш не го изговори името на Марин ле Пен ниту на нејзината партија (Националниот Сојуз), јасно е дека се негативно што го порача во изјавата се однесуваше токму на неа.
„Се наоѓаме во клучен момент од историјата на нашата земја. Можеби ЕВРО 2024 е важен за нашиот кариера, но ние сме и граѓани на нашата држава и мораме да реагираме. Ова е досега невидена ситуација, а ние сме генерацијата која ќе ја одреди судбината на Франциај. Ни се закануваат најразлини крајности, затоа ги повикам сите да гласаат, но и да бидат свесни за ситуацијата. Мораме да се идентификуваме со нашите вредности. Многу луѓе не се свесни што се случува, јас се обидувам да ги разбудат луѓето од мојата генерација. Велат дека не треба да се мешаат политиката и спортот, во ред, но постојат ситуации во кои политиката е поважна од било кој натпревар, па и од утрешниот на ЕВРО 2024. Нашата земја е во тешка ситуација. Јас сум против секоја поделба, моите вредности се почит и толеранција кон сите луѓе“, истакна најдобриот француски фудбалер.
Изјавата на Мбапе доаѓа откако францускиот претседател Емануел Макрон го распушти парламентот и распиша вонредни избори во два круга (30 јуни и 7 јули), со што ја изненади нацијата. Потегот на Макрон е изненадувачки ако се знае дека неговата партија на последните избори за европскиот парламент освои само 15% од вкупниот број гласови, или двојно помаку од партијата на Марин ле Лен, против која говореше Мбапе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА