Килијан Мбапе повторно одигра клучна улога во победата на Франција над Украина, каде што со еден постигнат гол, стигна до извонредната граница од 400 гола во својата кариера на само 26 години.
Со овој настап, тој ја продолжи импресивната форма што го карактеризираше во текот на целата сезона, со исклучок на последните два разочарувачки натпревари на клупско ниво со Реал Мадрид. По поразот од Ливерпул (0-1) и нерешениот резултат против Рајо Ваљекано (0-0), имаше многу шпекулации за атмосферата во соблекувалната и довербата во Чаби Алонсо.
Мбапе одговори на овие обвинувања по натпреварот на Франција против Украина.
„Што сакате да кажам? Немам што да кажам“, почна тој. „Во Реал Мадрид кога не победувате, луѓето многу озборуваат и веднаш критикуваат, а ние не ги добивме последните два.“
„Игравме многу лошо, но по паузата ќе се вратиме подготвени да го победиме Елче “, додаде Мбапе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

