Мбапе: Воопшто не ми е галје што ПСЖ ја освои Лигата на Шампиони без мене

ПСЖ сензационално го освои шампионскиот трофеј во Лигата на Шампионите и тоа по крајот на ерата во која големото трио – Килијан Мбапе, Лионел Меси и Нејмар заминаа од клубот.

Шампионскиот трофеј во најелитното фудбалско натпреварување беше и тема на разговор за Килијан Мбапе, францускиот голгетер кој летото премина во редовите на Реал Мадрид. Тој доби интересно прашање дали предвреме заминал од клубот, прашање што го налути.

„Дали прерано си заминав? Не. Мојата приказна беше завршена, мораше да се заврши. Без горкост, стигнав до крајот. Судибината наведе освојувањето да се случи без мене… ПСЖ ја освои Лигата на Шампиони без мене и воопшто не ми е галје. Сите наидуваме на предизвици, сега јас сум во центарот на вниманието и тоа е добро, отсекогаш сакав да бидам. Мое да продолжам да се трудам“, изјави Мбапе.

Се вчитува...