Фотографијата на Килијан Мбапе кој како тинејџер се сликал пред постар на Реал Мадрид на кој присутен е и Лука Модриќ стана вирална на социјалните мрежи па француската мега ѕвезда мораше и да ја прокоментира.
Мбапе и Модриќ сега се соиграчи во Реал Мадрид што ја потврдува неуништливоста на капитенот на хрватската репрезентација за кој и Французинот има само пофални зборови.
„Заслугите се само негови бидејќи јас одраснав нормално. Тој се уште е тука, се уште е најголемото ниво, се уште е на врвот, се уште е во најдобриот клуб на светот. Тој е капитен на капитените, голем човек. Голем фубалер, големо име и мислам дека најдобриот можен амбасадор на Хрватска. Се уште игра на чудесно ниво и задоволство ми е што го имам со себе на теренот секој ден“, изјави Мбапе.
A longevidade do Modric. pic.twitter.com/M6orgBUhmC
— Curiosidades Europa (@CuriosidadesEU) March 16, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА