Тренерот на ПСЖ Луис Енрике најави дека во финалето на Купот на Франција против Олимпик од Лион ќе играат само фудбалери кои тоа го заслужиле. Тој истакна дека клучно ќе биде да се види кој е подготвен да истрча на теренот, а шанса да се докажат ќе добијат само оние кои навистина сакаат да играат.
Медиумите шпекулираа дека Килијан Мбапе, кој неодамна потврди дека ќе го напушти клубот на крајот на сезоната, би можел да го пропушти финалето од Купот на Франција.
„Ќе играат само оние кои кои сакаат да играат и оние кои се подготвени“, изјави Енрике.
Мбапе одби да го продолжи договорот со ПСЖ, навестувајќи дека најверојатно ќе премине во Реал Мадрид. Во текот на оваа сезона, Мбапе одигра 47 натпревари и постигна 44 гола за ПСЖ.
Во сабота во 21 часот на стадионот на Лил, ПСЖ за пехарот ќе се бори со Лион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА