МБЛ лигата ја симна марихуаната од листата забранети супстанци

Марихуанта ќе биде симната од листата недозволени супстанции  во американската МБЛ лигата. Одлуката почнува да важи од 2020 година. Раководството на Лигата најавува дека играчите кај кои ќе биде пронајден придоен канабис ќе бидат третирани како оне кај кои е пронајден алкохол.

Дополнително сите примерици кои ќе бидат земани од играчите ќе бидат испитувани и на опиоиди, фентанил, кокаин и на синтетички ТХЦ. Играчите кои ќе бидат позитивни на овие суспнации примарно ќе бидат праќани на третман, пред да бидат дисциплинирани не некој начин.

„Во САД епидемијата на опиоиди е огромна грижа. Се надеваме дека ваквиот договор кој се базира на превенција, третман, свесност и едукација, ќе помогне да ги заштитиме здравјето и безбедноста на нашите играчи“ – велат од Лигата.

Ревизијата на политиката за забранети сусптанци и на начинот на кој Лигата реагира на позитивни примероци на одредени супстанци се менува еден месец по трагичната смрт на фрлачот на Лос Анџелес Енџелс, Тајлер Скагс, а кај кој аутопсијата покажа оксикодон, фентанил и алкохол во крвта.

 

 

 

 

Се вчитува...