„Ме погледна како син кој се обидува да се оправда пред својот татко и да избегне тепање“

Познатиот ММА-борец Хабиб Нурмагомедов зборуваше за руските медиуми за тоа како одговорил на Ирецот Конор Мек Грегор на бројните провокации обраќајќи му се во октагонот додека му задава удари.

На почетокот од нивниот натпревар, кој се одржа во 2018 година, Мек Грегор на разни начини го испровоцира Нурмагомедов, а по мечот и победата на Дагестанецот следеше голем инцидент во кој членовите на тимовите на двата борци си разменија удари.

„Конор зборуваше малку за време на борбата, но кога почнав да го притискам, тој брзо започна да зборува за тоа како ‘сè е само бизнис’. Бев дури и малку разочаран. Мислев дека е психички посилен. Додека траеше борбата, ми се чинеше дека се обидува да ме спречи да му дадам вистински удари. Ме погледна како син кој се обидува да се оправда пред својот татко и да избегне тепање. Психологијата е многу моќна алатка“, рече Хабиб Нурмагомедов.

По победата над Џастин Гаџи, Нурмагомедов се повлече од професионалната кариера и со совршен резултат од 29-0, замина како пензионер во лесна категорија на УФЦ, без ниту еден пораз.

Се вчитува...