„Ме загрижува една работа во врска со Новак Ѓоковиќ“

Легендарниот американски тенисер Џими Конорс е меѓу оние кои секогаш само со позитивни работи говореле за Новак Ѓоковиќ, но и тој не е премногу убеден дека Србинот ќе може да стигне до посериозен резултат на претстојното издание на УС Опен.

Американскиот гранслем ќе стартува наскоро, а Конорс е изненаден што Ѓоковиќ реши да не одигра ниту еден меч на тврда подлога по Вимблдон со што би се подготвил најдобро за она што ќе го очекува во Њујорк. Новак по поразот на Вимблдон реши да не настапи ниту во Торонто ниту во Синсинати, па наскоро ќе долета во Њујорк за неколкудневни подготовки пред стартот на УС Опен.

„Искрено, ме загрижува една работа во врска со Ѓоковиќ. Тој нема мечеви на бетон зад себе, најдобро ќе беше да дојдеше во Синсинати, да одигра два-три меча и да влезе во ритам. Вака, не знаеме што можеме да очекуваме од него… Тој играше одлично на Вимблдон се до она полуфинале, но оттогаш не сме го виделе на теренот. Едно е сигурно, најдобриот во историјата на тенисот никогаш не смеете да го отпишете“, изјави Џими Конорс.

Се вчитува...