Светскиот вицешампион Хрватска со реми без голови го започна настапот на Мундијалот во Катар. „Коцкесите“ ја имаа фаворитската улога против Мароко, но не успеаја да одиграат на свое ниво, а на крајот може и да бидат задоволни од едниот бод.
Анализа на натпреварот за „ИТВ“ даде поранешниот ас на Челси, Џо Кол кој вели дека го загрижува неефикасноста на Хрватите во нападот.
„Немаа искра како претходните години. Им недостасуваше нешто во завршната третина, искрено ме загрижува Хрватска во оваа група“, вели Кол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА