Извонреден натпревар меѓу Германија и Португалија во Групата Ф во Минхен на Европското првенство 2020, веројатно најубавиот во досегашниот тек на шампионатот. Германците на крајот со пресврт славеа со 4-2 и повторно се враќаат во игра за осминафинале по првиот пораз од Франција (0-1).
Во драматични први 45 минути, Португалците најпрво поведоа со 0-1 со голот на Кристијано Роналдо уште во 15. минута од средбата.
Но, тоа само ги налути Германците кои потоа стигнаа до целосен пресврт. Најпрво во 35. минута Хаверц погоди за 1-1, а потоа во 39. минута и автогол си постигна Гуериро за водство до 2-1 на домашната репрезентација.
Во второто полувреме Хаверц во 51. минута зголеми на 3-1, а во 60. минута Госенс веќе донесе 4-1.
Португаците преку Диего Жота во 67. минута единствено успеаја да го ублажат поразот на конечни 4-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА