Мечот помеѓу Атромитос и АЕК во рамките од грчкото првенство кој требаше да се одигра вчера, е откажан од бизарни причини. Откажан е затоа што е приметено дека двата гола се пониски од пропишаните правиле. Едниот гол бил за 3, а другиот за 5 сантиметри понизок од она што требало да бидат.
Гостите го пријавиле случајот, а судијата веднаш почнал со мерење при што ја увидел грешката, и делегатот дал 30 минути да се острани проблемот.
Грците се обиделе да ги ископаат малку гол линијаите, но проблемот не се решил ниту со тоа, па така е решено да се одложи натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА