Меч за паметење: Холандија со „школска акција“ до израмнување во 100. минута од четвртфиналето

Холандија и Аргентина ќе играат продолженија за да биде одлучен вториот полуфиналист на СП 2022, откако „лалињата“ со фантастичен камбек стигнаа до 2-2 со гол постигнат во 100. минута од четвртфиналето.

Се играа буквално последните моменти кога од слободен удар од дваесетина метри Холанѓаните одиграа фантастична школска акција, Копмајнерс наместо да бие ја спушти топката крај живиот ѕид до Вегхорст, кој со својот втор гол донесе огромна радост на портокаловиот дел од стадионот, шокирајќи ги далеку побројните Аргентинци.

Ова холандско ремек-дело и израмнувачкиот погодок на Вегхорст можете да го погледнете ОВДЕ.

Се вчитува...