Словенија забележа уште една победа на ракометниот турнир од ОИ во Париз, откако по голема борба славеше над Јапонија со минимални 29-28, резултат со кој избраниците на Урош Зорман успеаја да се пласираат во четвртфиналето на едно коло пред крајот на групната фаза.
Во главна улога беше левиот бек Алекс Влах, кој беше незапирлив за „самураите“ доминирајќи од почеток до крај и постигнувајќи вкупно 14 погодоци. Со тоа, Влах го израмни остварувањето на Фредерик Вол од дуелот Франција – Бразил на ОИ 1996, а на врвот на оваа ранг-листа по број на дадени голови на еден олимписки меч остана Полјакот Јиржи Клемпел, кој 15 пати стрелаше прецизно на дуелот против Тунис на ОИ во 1976 година.
Словенија во последното коло ќе се сретне со селекцијата на Германија, но тоа ќе биде дуел за што подобар пласман пред четвртфиналето ако се знае дека Словенците со досегашните три победи во првите четири рунди веќе го осигураа пласман меѓу најдобрите осум селекции во Париз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА