Меч за паметење: Влаховиќ даде гол и ги поздрави „хејтерите“, Емболо израмни на 2-2

Суперинтересен натпревар играат Србија и Швајцарија, откако на одмор се замина со резултат 2-2. Србите направија пресврт и поведоа со 1-2, резултат што ги носеше во осминафинале, но Швајцарците израмнија и преку Емболо дојдоа до 2-2 на овој одличен меч.

Митровиќ го постигна голот за израмнување, а улогата на херој кога станува збор за вториот погодок за Србија на овој меч му припадна на Душан Влаховиќ, кој одлично се снајде по додавањето на Тадиќ и со не толку силен, колку прецизен удар го матираше Кобел.

Веднаш по голот Влаховиќ ги поздрави „хејтерите“, кои измислуваа невистини за него во последните два дена, а асот на Јувентус одговори на најдобар можен начин – со гол во вистински момент за Србија.

Избраниците на Пикси сепак не заминаа со предност на одмор, откако српската одбрана за момент заспа, а Емболо го искористи тоа израмнувајќи на 2-2.

Се вчитува...