Меч за сеќавање: Пандев пред 13 години стана европски првак, македонско знаме се вееше во Мадрид (Видео)

На денешен ден пред точно 13 години Интер се закити со титулата европски првак, откако во големото финале од Лигата на Шампионите го совлада Баерн Минхен со 2-0.

За нас овој датум е посебен поради фактот дека за шампионскиот Интер настапи и македонскиот репрезентативец Горан Пандев, кој беше стартер во составот на Жозе Мурињо. Пандев имаше зад себе одлична сезона и даде значаен придонес во тројната круна на „нероаѕурите“, најуспешна сезона во историјата на италијанскиот фудбалски гигант.

По мечот, тој го развеа македонското знаме на теренот на „Сантијаго Бернабеу“, во знак на гордост на земјата од каде потекнува и од каде успеа да се искачи до самиот врв на европскиот фудбал.

Се вчитува...