Вардар со големи четири бода влегува во утрешното дерби против Е. Пелистер, но на сите во таборот на „црвено-црните“ им е јасно дека фокусот мора да остане на највисоко ниво ако се сака да се оствари големата желба – кревање на шампионскиот трофеј.
Шокантниот расплет во ланската сезона кога Пелистер среде Скопје ја прослави титулата се уште се памети меѓу „вардарци“, кои токму од таа причина сега не сакаат воопшто да говорат за титула, пред истата да биде и математички осигурана
„Земајќи го в предвид епилогот од минатата сезона, не сакам да говорам за титула сè додека не го освоиме и не го допрам со свои раце пехарот ќе станеме шампиони. Сега поискусно, нема прерано да давам свои прогнози ниту пак да кажувам дека рано ќе ја завршиме задачата. Станува збор за исклучително квалитетни екипи. Алкалоид тешко го победивме, Охрид и Пелистер сериозно инвестираат и не се наивни. Допрва ќе се игра плеј-офот. Ако го победиме Пелистер во Битола би било идеално, ама лани ни беше лекција дека не треба да се прогнозира рано во шампионатот и јас како индивидуалец, но и целиот колектив“, изјави Милан Лазаревски, големиот борец кој сигурно ќе биде значаен адут на „вардарци“ на утрешното дерби во Битола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

