Димитар Мечкаровски ќе ја дели правдата на дуелот во Тетово меѓу Шкендија и Шкупи во 21. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Денешната ждрепка во ФФМ сакаше Мечкаровски да биде определен за главн судија во Тетово, а ќе му помагаат Неделковски и Петрески.
Натпреварот меѓу Македонија ЃП и Пелистер во Скопје ќе го суди Стојанче Стојанов, а ќе му помагаат Караколев и Ѓорѓиев.
Александар Ставрев ќе биде делител на правдата на утрешниот натпревар меѓу Работнички и Ренова на „Телеком арената“ во Скопје, додека Дејан Јакимовски ќе го суди натпреварот меѓу Брегалница и Силекс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА